• вторник, 25 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ѓоковиќ следната недела ќе патува на турнир во Доха

Ѓоковиќ следната недела ќе патува на турнир во Доха

Белград, 8 февруари 2025 (МИА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот во Доха, кој ќе започне на 17 февруари.

Според српскиот портал „Sportal“, Ѓоковиќ верува ќе биде подготвен да игра во Катар.

Поранешниот светски рекет број 1 е при крај со закрепнувањето од повредата на левиот бутен мускул добиена на Грен слемот во Мелбурн.

Триесет и седумгодишниот Ѓоковиќ во моментов е 6-ти на светската ранг-листа. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан