• недела, 24 ноември 2024

Ѓоковиќ се пласира во второто коло на УС Опен

Ѓоковиќ се пласира во второто коло на УС Опен

Њујорк, 27 август 2024 (МИА) – Најдобриот тенисер на светот  Новак Ѓоковиќ рано утрово го победи Раду Албот од Молдавија во првото коло на УС Опен со резултат 3:0, по сетови 6:2, 6:2 и 6:4.

Во меч што траеше 2 часа и 8 минути, 37-годишниот Србин имаше 8 асови, 10 двојни грешки и 6 освоени брејк топки од 16 шанси.

Ѓоковиќ во второто коло ќе игра со сонародникот Ласло Ѓере.

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Њујорк изнесува 75 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан