• четврток, 26 декември 2024

Ѓоковиќ: Работите се движат бавно, но сигурно. Ролан Гарос е мојата главна цел

Ѓоковиќ: Работите се движат бавно, но сигурно. Ролан Гарос е мојата главна цел
Белград, 25 април 2022 (МИА) - Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ја оцени својата форма по два турнира на земјена подлога. Во финалето во Белград Србинот вчера загуби од Русинот Андреј Рубљов со 1:2, по сетови 2:6, 7:6 и 0:6 - Работите се движат бавно, но сигурно. Грен слемот во Париз е мојата главна цел и се надевам дека ќе бидам подготвен за „Ролан Гарос“. Треба да извлечеме позитивни моменти - го одиграв финалето пред домашните навивачи. За жал, во третиот сет снемав сили и не можев подобро да се борам. По четири борби во три сета, можам да кажам дека сум уморен, но среќен сум што успеав да победам на претходните натпревари. Мислам дека сето ова ќе ми помогне на следните турнири на земја, истакна Ѓоковиќ Грен слемот „Ролан Гарос“ годинава ќе се игра од 22 мај до 5 јуни. зс/

Остани поврзан