• среда, 18 декември 2024

Ѓоковиќ пред 17 години ја освои својата прва АТП титула

Ѓоковиќ пред 17 години ја освои својата прва АТП титула

Белград, 2 3јули 2023 (МИА) - Пред точно 17 години, Новак Ѓоковиќ ја освои првата АТП титула. 

 

На 23 јули 2006 година, Србинот во финалето на земјениот турнир во холандскиот Амерсфорт, го победи Николас Маса со 7:6, 6:4.

 

Благодарение на оваа победа, тогаш 19-годишниот Ѓоковиќ дебитираше во топ 30 следниот ден.

 

Оваа недела 36-годишниот Ѓоковиќ е вториот рекет на светот. Има 94 титули на АТП ниво, од кои 23 се рекордни за машкиот тенис - Гренд слем, како и сите најважни тениски рекорди.

 

Ѓоковиќ е најголемиот тенисер во историјата и заедно со Рафаел Надал и Роџер Федерер ги одбележаа последните две децении во овој спорт. зс/

 

Фото: novakdjokovic.com

Остани поврзан