Ѓоковиќ по три сета игра избори осминафинале на Мастерсот во Индијан Велс
- Третиот носител на Мастерсот во Индијан Велс Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во осминафиналето откако во меч во три сета го победи Американецот Александар Ковачевиќ со 2:1 во сетови
Индијан Велс, 9.март 2026 (МИА) – Третиот носител на Мастерсот во Индијан Велс Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во осминафиналето откако во меч во три сета го победи Американецот Александар Ковачевиќ со 2:1 во сетови (6:4; 1:6 и 6:4). Мечот од третото коло траеше два часа и три минути.
Во првиот сет Ѓоковиќ направи брејк во третиот гем и предноста ја зачува до крајот на сетот, но потоа следуваше пад во неговата игра и Ковачевиќ, кој сервираше одлично го доби вториот сет со 6:1 во гемови и изедначи на 1:1. Во решавачкиот сет Ѓоковиќ, кој постојано вршеше притисок на сервисот на ривалот и брејкот го направи во десеттиот гем за 6:4 во гемови.
Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра со победникот од мечот меѓу Франциско Серундоло (Аргентина) и Џејк Драјпер (Велика Британија). мн/
Фото: ЕПА