• среда, 25 декември 2024

Ѓоковиќ: Направив неизнудени грешки, Руд беше стабилен до последниот удар

Ѓоковиќ: Направив неизнудени грешки, Руд беше стабилен до последниот удар

Монте Карло, 14 април 2024 (МИА) – Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ е разочаран од поразот од Норвежанецот Каспер Руд во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло.

Вчерашниот нивни меч заврши со 2:1 за 25-годишниот Руд по 2 часа и 18 минути.

- Се разбира, разочаран сум што загубив таков натпревар. Беше тесно. Честитки Каспер. Одигра многу добро, особено на почетокот на првиот и третиот сет. Имав свои шанси, но направив неизнудени грешки, а Каспер беше стабилен до последниот удар. Тој ја заслужи оваа победа. Мојата игра беше нестабилна. Секако дека има позитивни моменти од овој турнир, но јас сум разочаран од поразот, изјави Ѓоковиќ.

Во финалето на турнирот Руд денес ќе игра против Гркот Стефанос Циципас, кој претходно го совлада Италијанецот Јаник Синер. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан