• недела, 07 декември 2025

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Мастерсот во Париз

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Мастерсот во Париз

Париз, 1 ноември 2023 (МИА) – Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вечерва го победи Аргентинецот Томас Мартин Ечевери во второто коло на турнирот од АТП Мастерс серијата во Париз.

Во меч што траеше 1 час и 24 минути најдобриот тенисер на светот првиот сет го доби со 6:3, во вториот беше уште поубедлив, 6:2.

Противник на Србинот во третото коло на Мастерс 1000 турнирот ќе биде Холанѓанецот Талон Грикспур.

Наградниот фонд на престижниот турнир во француската престолнина изнесува 5,8 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан