• сабота, 23 ноември 2024

Ѓоковиќ загуби од 42. рекет на светот во четвртфиналето на турнирот во Виена

Ѓоковиќ загуби од 42. рекет на светот во четвртфиналето на турнирот во Виена
Виена, 30 октомври 2020 (МИА) - Првиот светски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на турнирот во Виена загуби од Италијанецот Лоренцо Сонего со резултат 2:6, 1:6. Средбата траеше 1 час и 10 минути. Ѓоковиќ направи три аса и направи три двојни грешки. Во полуфиналето Сонего ќе се соочи со победникот од двојката Грегор Димитров (Бугарија) - Даниел Еванс (Велика Британија). Наградниот фонд на турнирот во австрискиот главен град изнесува 1,4 милиони евра. зс/

Остани поврзан