• сабота, 23 ноември 2024

Ѓоковиќ доби судски спор со Рио де Жанеиро

Ѓоковиќ доби судски спор со Рио де Жанеиро
Рио де Жанеиро, 17 јануари 2020 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е побогат за речиси три милиони долари, откако го доби судскиот спор со градот Рио де Жанеиро.
Домаќинот на последните летни Олимписки игри му остана должен на Ѓоковиќ за учество во егзибицискиот меч со Густаво Кернтен во 2012 година.
Српскиот ас требаше да инкасира 1,1 милион долари од мечот, меѓутоа на сметка му легнаа 650.000 долари, па правда реши да побара на суд.
Случајот почна во 2012 година, па вклучувајќи и камати, Рио де Жанеиро е должен да му исплати, речиси, три милиони долари на Ѓоковиќ. сѓд/

Остани поврзан