• сабота, 23 ноември 2024

Ѓоковиќ дисквалификуван на УС Опен поради удар со топче на линиски судија

Ѓоковиќ дисквалификуван на УС Опен поради удар со топче на линиски судија
Њујорк, 6 септември 2020 (МИА) – Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ службено го загуби мечот од осминафиналето на УС Опен. Тој беше казнет затоа што со топче удри една од линиските судии. И покрај извинувањето поради несмасниот потег, Ѓоковиќ беше драстично казнет од службените лица на Грен слемот во Њујорк. Во моментот на инцидентот, се играше првиот сет и резултатот беше 6:5 за Карено-Буста. Шпанецот се пласираше во четвртфиналето каде ќе се сретне со победникот од мечот Денис Шаповалов (Канада) - Давид Гофин (Белгија). зс/

Остани поврзан