• среда, 25 декември 2024

Ѓоковиќ го прослави рекордот со спектакуларен огномет пред стотици навивачи

Ѓоковиќ го прослави рекордот со спектакуларен огномет пред стотици навивачи
Белград, 8 март 2021 (МИА) – Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва со своите навивачи го прослави соборувањето на рекордот според најмногу недели минати на АТП листата, со спектакуларен огномет пред ресторанот „Новак“ во Нов Белград. -Ви благодарам на сите за поддршката. Денеска е посебен ден. Немаше да успеам без вашата и поддршката од семејството. Овој успех е и ваш, на цела Србија, порача Ѓоковиќ во обраќањето пред неколку стотици навивачи. -Кога го освоив Вимблдон во 2011 година и дојдов во Белград ја почувствував вашата поддршка. Свесен сум дека ви ги кинам нервите, тоа го правам и на самиот себе, но така е послатко, додаде Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер денеска ја започна 311 недела на врвот на светската ранг листа, соборувајќи го рекордот на Швајцарецот Роџер Федерер, кој претходно 310 недели во серија беше најдобро рангиран во светот. ег/ссм/

Остани поврзан