• недела, 24 ноември 2024

Ѓоковиќ го прокоментира откажувањето на Шарапова: Може да се гордее со својата кариера

Ѓоковиќ го прокоментира откажувањето на Шарапова: Може да се гордее со својата кариера
Белград, 26 февруари 2020 (МИА) - Водачот на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ ги прокоментира денешните вести за откажување од тенисот на Марија Шарапова. 32-годишната Русинка попладнево објави дека ја прекинува спортската кариера. - Таа беше посветена на тенисот како никој друг. Нејзината волја, нејзината способност да ги надмине сите тешкотии што стоеја на нејзиниот пат во изминатите пет до шест години, вклучувајќи повреди и операции, желба да се врати на теренот и да игра на највисоко ниво, беа воодушевувачки. Жално е што поради повредите мораше да стави крај на играњето тенис, но Шарапова имаше неверојатна кариера со која може да се гордее, рече Ѓоковиќ. Триесет и две-годишната поранешна број 1 на светската ВТА листа завршува со тенисот со 36 титули во сингл, вклучувајќи пет Гренд слем, олимписки сребрен медал од Лондон 2012 и еден трофеј од Фед Купот со Русија во 2008 година.

Остани поврзан