• четврток, 26 декември 2024

Ѓоковиќ го откажа учеството на Мастерсот во Мајами

Ѓоковиќ го откажа учеството на Мастерсот во Мајами
Мајами, 19 март 2021 (МИА) – Светскиот рекет број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти Мастерсот во Мајами, кој ќе започне следната недела. - Одлучив да го искористам ова драгоцено време да бидам дома со моето семејство. Имајќи ги предвид сите ограничувања, треба да најдам рамнотежа помеѓу времето на турнеја и домашното време, ја објасни својата одлука шампионот на Австралија опен. Така, на турнирот во Мајами ќе недостасуваат Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер и Доминик Тим. Од најдобрите 5, таму ќе играат само Данил Медведев и Стефанос Циципас. Турнир од Мастерс серијата ќе се одржи без барем еден играч од „Големите тројца“, првпат по Париз 2004 година. Оттогаш се одржаа 138 натпреварувања во оваа категорија, а Федерер, Надал и Ѓоковиќ освоија 95 титули во нив. зс/

Остани поврзан