• недела, 06 октомври 2024

Ѓоковиќ го освои Мастерсот во Париз

Ѓоковиќ го освои Мастерсот во Париз
Париз, 7 ноември 2021 (МИА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на тенискиот турнир во Париз. Во финалето вечерва тој извојува победа со над Данил Медведев од Русија. Првиот сет му припадна на Русинот со 6:4. Следните два ги доби првиот светски рекет со по 6:3. Оваа титула му овозможи на Ѓоковиќ да го собори рекордот на Шпанецот Рафаел Надал по број на освоени турнири од Мастерс серијата. Тој сега има 37, додека Надал остана на 36. АТП Ролекс Мастерсот во Париз се играше за награден фонд од три милиони евра. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан