• сабота, 27 јули 2024

Шумски пожар во Грција во близина на граничниот премин Богородица (ДПЛ)

Шумски пожар во Грција во близина на граничниот премин Богородица (ДПЛ)

Атина, 17 јули 2024 (МИА) – Шумски пожар избувна во северниот дел на Грција во непосредна близина на граничниот премин Богородица (Евзони), границата е привремено затворена, а во прекин е и сообраќајот кон преминот од грчка страна, јави дописничката на МИА од Атина.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 39 пожарникари два пешадиски тима, 12 возила и еден хеликоптер.

Извори од противпожарната служба на Грција за МИА велат дека пожарот е во тек и е во непосредна близина на границата.

Од регионалната полициска управа надлежна за конкретната област соопштија дека поради пожарот во прекин е сообраќајот на возила на автопатот кон Евзони, од надвозникот кај градот Поликастро до граничниот премин и паралелно упатија апел до возачите да бидат особено внимателни и да ги следат упатствата на сообраќајните полицајци. ср/ев/

Фото: Архива

Остани поврзан