• четврток, 26 декември 2024

Шумските пожари ова лето сведени на минимум во поширокиот велешки регион

Шумските пожари  ова лето сведени на минимум во поширокиот велешки регион
Велес, 20 септември 2022(МИА)-Ова лето пожарите во велешко сведени на минимум, за разлика од претходните четири лета, кога изгореа над стотина хектари квалитетна шума во поширокиот велешки регион, велат за МИА, од Територијалната противпожарна единица од Велес која делува на територијата на општините Велес, Градско и Чашка. Во летните месеци годинава изгореле само неколку хектари нискостеблеста дабова шума, во области во општина Чашка, на реонот над Богомила информираат за МИА од велешката противпожарна единица. - Добра вест е што пожарите се намалија и со тоа се намалени штетите по шумите и животната средина, но тоа сепак не е резултат на поголема свест за превенција од пожари кај дел од граѓаните, туку во голем дел е резултат на забраната за движење низ шума која ова лето која беше издадена од ЈП Македонски шуми на почетокот на летото и траеше се до 1 септември, посочуваат од ТППЕ Велес. Од ТППЕ додаваат дека од почетокот на 2022 година до денес, во Велес и велешко имало вкупно 193 пожари од секаков вид, а од лани до септември имало вкупно над 300 пожари во поширокиот велешки регион.ад/ир  

Остани поврзан