• четврток, 26 декември 2024

Шумер ја поддржа истрагата за сексуално вознемирување против гувернерот на Њујорк

Шумер ја поддржа истрагата за сексуално вознемирување против гувернерот на Њујорк
Њујорк, 8 март 2021 (МИА) - Најмоќниот Њујорчанец во Конгресот, лидерот на мнозинството на американскиот Сенат, Чак Шумер изјави дека ја поддржува истрагата за наводите за сексуално вознемирување против гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, што ја обелоденија пет жени, претежно неговите поранешни соработнички. - Сексуалното вознемирување никогаш не е прифатливо и никогаш не може да се толерира. Жените мора да бидат сослушани ... обвинувањата на секоја од жените треба да се сфатат сериозно, рече демократот Шумер. Тој ги нарече обвинувањата „длабоко загрижувачки“ и рече дека ја поддржува тековната истрага на државната обвинителка во Њујорк, Летиција Џејмс. Претходно, Куомо го повтори ветувањето дека ќе остане на функцијата и ќе раководи со својата држава, која некогаш беше епицентар на пандемијата на коронавирусот. Во најновите обвинувања против демократскиот гувернер, поранешната помошничка Ана Лис вели дека во 2014 година Куомо понекогаш ја пречекувал со прегратки и бакнежи на двата образа, ја нарекувал „душичка“, ја бакнувал за рака и ја прашувал дали има момче, објави „Волстрит журнал“. „Вашингтон пост“, пак, во саботата објави дека поранешната асистентка за медиуми Карен Хинтон изјавила дека Куомо ја прегрнал во хотелска соба во 2000 година по работен настан. паг/  

Остани поврзан