Шумер: Ултрадесничарите од Претставничкиот дом можат да ги доведат САД до блокада
- Чак Шумер, лидер на демократското мнозинство во Сенатот, изјави денеска дека го извршил првиот процедурален чекор за усвојување на нацрт закон за привремено финансирање на владата на САД за да се избегне делумна блокада на некои државни органи, што би можела да се случи идната недела.
Вашингтон, 11 јануари 2024 (МИА) - Чак Шумер, лидер на демократското мнозинство во Сенатот, изјави денеска дека го извршил првиот процедурален чекор за усвојување на нацрт закон за привремено финансирање на владата на САД за да се избегне делумна блокада на некои државни органи, што би можела да се случи идната недела.
Тој прецизираше дека турка нацрт закон за привремено финансирање за Сенатот да може да гласа за него идната недела во вторник, по кратката празнична пауза за Денот на Мартин Лутер Кинг.
-Во Претставничкиот дом има ултрадесничари кои сметаат дека можат да ги доведат своите колеги, Претставничкиот дом и целата земја во „шатдаун“, изјави Шумер.
На 19 јануари може да секне финансирањето на некои федерални агенции како министерствата за земјоделие и транспорт.
Шумер и спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон во неделата објавија дека постигнале договор за плафон на расходите за државните органи за фискалната година што започна на 1 октомври во висина од 1.59 трилиони долари.
Сепак, републиканските лидери се незадоволни од големината на расходите и бараат значајно кратење на буџетот. кб/