• сабота, 27 јули 2024

Шумахер: Многу сум разочаран од одлуката на Хас, заслужувам место во Формула 1

Шумахер: Многу сум разочаран од одлуката на Хас, заслужувам место во Формула 1
Берлин, 17 ноември 2022 (МИА) - Германскиот возач Мик Шумахер ја коментираше одлуката на Хас да не склучи нов договор со него за сезоната во Формула 1 2023 година. - Ова ќе биде мојата последна трка со Хас. Не сакам да кријам дека сум многу разочаран од одлуката да не го обновиме договорот. Сепак, би сакал да се заблагодарам и на тимот и на Ферари што ми ја дадоа можноста. Овие години заедно ми помогнаа да пораснам и технички и лично. И кога ми стана навистина тешко, сфатив колку го сакам овој спорт. Научив многу и сега со сигурност знам дека заслужувам место во Формула 1. Оваа страница дефинитивно не е затворена за мене. Неуспехот само ве прави посилен. Мојот оган гори за Формула 1 и ќе се борам силно за да се вратам, напиша Шумахер на социјалните мрежи. Хас објави дека ја прекинува соработката со Шумахер по завршувањето на сезоната 2022 година. Неговото место во тимот го зазеде германскиот тркач Нико Хулкенберг. Мик Шумахер се трка во Ф1 од 2021 година. Во сезоната 2022, синот на седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, по 21 трка го зазема 16. место во поединечниот пласман со 12 освоени бодови. зс/

Остани поврзан