• сабота, 23 ноември 2024

Шукова: Со над 12 милиони долари во Југохром и Гостивар ќе се чистат речните корита од вегетација и од отпад

Шукова: Со над 12 милиони долари во Југохром и Гостивар ќе се чистат речните корита од вегетација и од отпад

Скопје, 4 ноември 2023 (МИА) - Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска информира дека државата преку Швајцарската Влада обезбедила средства во вредност од над 12 милиони американски долари за расчистување на речните корита од вегетација и од отпад во Југохром и Гостивар.

-Околу поплавите државата презема мерки. Пред неколку дена започнавме еден проект. Државата во овој момент обезбеди средства преку Швајцарската Влада, а го спроведува УНДП за расчистување на речните корита, каде што има многу вегетација и отпад. Почнуваме проект во вредност од преку 12 милиони американски долари во две општини Југохром и во Гостивар каде ќе се чистат речните корита од вегетација и од отпад, каде би ги заштитиле граѓаните во овие две општини од поплави, бидејќи таму имаше сериозни проблеми изминативе години. Државата во моментов помага на тие две општини. Во наредните неколку месеци ќе се чисти таму, рече Шукова на денешната најавна прес-конференција за отпочнување на годинешната акција за пошумување – Пошумуваме заедно 2023.

Потенцира дека пред три дена го започнале чистењето на речните корита на потег од 8,5 километри во Југохром. Посочи дека за скоро време ќе почнат со чистењето и во Гостивар. 

Апелираме до граѓаните да не се фрла отпад по речните корита, бидејќи, како што рече, водите не можат природно да истекуваат.

-Апелирам до граѓаните да внимаваат на речните корита и каналите за наводнување, бидејќи кога доаѓаат вакви природни непогоди има големо количество вода и се случуваат поплавите. Да се заштитат самите себе и сите околу нив, треба да бидеме внимателни што правиме со отпадот кој го создаваме, рече министерката Шукова.фф/ев/ 

Фото: МИА Архива

Остани поврзан