• четврток, 26 декември 2024

Шукова: Ако сериозно ги спроведуваме Стратегијата и новиот закон можеме да генерираме 10 000 зелени работни места

Шукова: Ако сериозно ги спроведуваме Стратегијата и новиот закон можеме да генерираме 10 000 зелени работни места

Скопје, 23 јануари 2024 (МИА) - Климатските промени можеме да ги решаваме само преку координирани политики и тоа е нешто што се препознава од оваа Влада. Соработуваме со ресорите и сите заедно детерминираме цели, пред се, во насока на намалување на загадувањето и во насока на подобар економски развој, истакна министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на панелот „Инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна средина и европска иднина“ што се одржува во рамки на конференцијата „Година на европски можности“.

Како што истакна Шукова, земјава има долгорочна Стратегија за климатски промени со јасно утврдени цели и мерки, но многу важно е да се инвестира во секторите кои влијаат на климата.

-Секое неинвестирање ќе ни донесе многу повеќе трошоци од трошоците за инвестиции кои се бројат во стотици милиони евра, но кои ќе создадат и зелени работни места. Проценките се дека ако сериозно ги спроведуваме Стратегијата и новиот закон за клима кој наскоро треба да влезе во собраниска и владина процедура, ќе генерираме можеби околу 10 000 зелени работни места што е предизвик за членките на ЕУ, но и за нас, потенцира министерката.

Според неа, кога се зборува за политките во животната средина, покрај енергетиката, транспортот и земјоделството, мора да се земе предвид и управувањето со отпадот кое може да генерира негативни последици врз климата. мч/ац/

Фото: принт скрин

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан