• среда, 25 декември 2024

Штутгарт сруши рекорд и купи исклучителен напаѓач

Штутгарт сруши рекорд и купи исклучителен напаѓач

Штутгарт, 9 август 2024 (МИА) - Германскиот репрезентативец Дениз Ундав е ново засилување на Штутгарт. Напаѓачот блесна минатата сезона во дресот на Бундеслигата, а „швабите“ и официјално го купија од Брајтон.

Иако многу европски медиуми објавија дека Брајтон бил тврдоглав и не сакал да го продаде напаѓачот (барем не за сумата што ја нуди Штутгарт), дошло до пресврт. Англискиот клуб сепак прифати понуда од 25 + 5 (бонуси) милиони евра.

Германскиот клуб никогаш досега не платил толку пари за обештетување при доведување на засилување. Ундав потпиша тригодишен договор.

Ундав претходната сезона ја започна на клупата за резерви, но блескаше кога вториот најефикасен играч во Бундеслигата, Серху Гираси, беше аут од тимот поради повреда.

Веднаш штом Гвинеецот се врати во конкуренција, тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес, реши да го спои со Ундав, што доведе до голем успех.

Гираси беше протагонист на спасот на „швабите“ претходната година, а потоа и на неверојатната ренесанса што во минатото ја спроведе талентираниот стратег Себастијан Хенес.

Штутгарт по 17 години пауза за првпат се пласираше во групната фаза од Лигата на шампионите, а сезоната претходно опстанок избори едвај преку бараж, каде Гираси ги „влечеше“ со своите голови.

Поранешниот фудбалер на Келн блесна минатата сезона на 28 натпревари во Бундеслигата, постигнувајќи исто толку голови. Поефикасен беше само напаѓачот на Баерн, Хари Кејн.

Ундав не е помалку заслужен за подвигот. 28-годишниот играч минатата сезона во Бундеслигата постигна 18 гола, но придонесе и за градење напади и создавање шанси.

Штутгарт претходно го донесе и Ермедин Демировиќ од Аугсбург. дс

Фото: Х/Штутгарт

Остани поврзан