• четврток, 19 декември 2024

Штрајк на младите лекари во Велика Британија, бараат повисоки плати

Штрајк на младите лекари во Велика Британија, бараат повисоки плати
Лондон, 11 април 2023 (МИА) - Младите лекари во Велика Британија денеска започнаа четиридневен штрајк со барање за повисоки плати.

Како што пренесува Хина, штрајкот најверојатно ќе предизвика големи нарушувања во здравствениот систем, поради што владата предупреди на ризици за безбедноста на пациентите.

Повеќе од десетици илјади помлади лекари, кои сочинуваат речиси половина од медицинската работна сила, стапија во штрајк.

Синдикатот на лекарите, Британската медицинска асоцијација (БМА) бара зголемување на платите за 35 отсто.

Од БМА тврдат дека платите на членовите на тоа здружение се намалени за 26 отсто поради инфлацијата во период од 15 години.

Штрајкот на помладите лекари уследи по минатомесечниот тридневен прекин на работата на британските лекари.

Директорот на јавното здравство во Англија, Стивен Паувис, оцени дека овојпат ќе има „значително повеќе“ откажувања на операции и интервенции отколку за време на последниот штрајк. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 
 
 

Остани поврзан