• четврток, 19 декември 2024

Штрајк на младите лекари во Англија, нема да работат шест дена

Штрајк на младите лекари во Англија, нема да работат шест дена

Лондон, 3 јануари 2024 (МИА) - Младите лекари во Англија, кои имаат статус на приправник, утрово ја прекинаа работата на шест дена, бидејќи бараат покачување.

По тридневниот штрајк пред Божиќ и неколкуте прекини на работа во последните месеци, младите лекари ја интензивираат својата мобилизација поради немање договор со владата во кризата предизвикана од инфлацијата.

Штрајкот на младите лекари, од кои во Англија има околу 70 илјади, почна денеска наутро и ќе заврши во вторник во истиот термин.

Новиот шестдневен штрајк доаѓа додека британскиот систем за јавно здравје, има недостиг од лекари и се бори да ги намали огромните листи на чекање на пациенти. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан