• среда, 27 ноември 2024

Штрајк на вработени во холандските железници, бараат повисоки плати

Штрајк на вработени во холандските железници, бараат повисоки плати
Амстердам, 26 август 2022 (МИА) - Вработени во холандските железници денеска штрајкуваат во западниот, најнаселениот дел на земјата и бараат повисоки плати поради високата инфлација. Железничкиот оператор НС соопшти дека тоа значи оти услугите ќе бидат прекинати и во други делови на Холандија, вклучувајќи меѓународни линии до Белгија. „Користете друг превоз или одложете го своето патување. Нема да сообраќа ниту еден заменски автобус“, пишува на веб страницата. Станува збор за 24-часовен штрајк втор во три дена, по оној во средата во северниот дел на земјата. Синдикати протестираат поради прекинати преговори со управата за колективен договор, каде се бараа повисоки плати. Потрошувачките цени во Холандија би требало да пораснат за 9,9 отсто во 2022 година. Раст од 4,3 проценти се предвидува следната година. Во план се уште три 24-часовни штрајкови. В понеделник во северозападниот дел, во вторник во централниот, а в среда во југоисточна Холандија. бд/зш/

Остани поврзан