• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Штрајк на вработените во прилепскиот царински терминал за неисплатени седум плати

Штрајк на вработените во прилепскиот царински терминал за неисплатени седум плати

Прилеп, 3 април 2025 (МИА) - Вработените во царинскиот терминал во Прилеп и денеска излегоа на протест барајќи исплата на седумте заостанати плати и придонеси. Ова е трет протест на осумте вработени кои иако добивале ветувања досега, ништо не е решено. Поддршка на вработените им дадода претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и претседателот на гранковиот синдикат, Стојанчо Кашиковски.

- Осумте вработени седум месеци немаат земено плата. Градската власт, односно Општината, ЈКП „Комуналец“ ги оставија на немилост овие вработени и седум месеци да не можат да си однесат дома плата. Загрижува тоа дека од Прилеп има двајца заменици министри и четворица пратеници кои досега не ги прашале со што се соочуваат.  Вработените на терминалот не може да ги отплаќаат долговите на претходните директори и поради присилни извршувања да не може да добијат плата седум месеци. Вработените решија да бидат во штрајк да не ги извршуваат работните задачи додека не им се исплатат заостанатите плати, рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Поддршката на вработените им ја даде и претседателот на гранковиот синдикат СУТКОЗ, Стојанчо Кашиковски.

-ДООЕЛ „Терминал“ е основано од ЈКП „Комуналец“ и согласно изјавата за основање, во членот 11 стои дека секоја добивка и секоја загуба е на основачот. Затоа основачот, „Комуналец“ треба да ги покрие загубите направени од претходните раководства, да им ги исплати сите седум заостанати плати  и да го исплати и здравственото осигурување, рече Кашиковски.

Според претседателот на основната синдикална организација при ЈКП „Комуналец“, Пеце Игески, вработените продолжуваат со штрајкот и апелира до институциите да се реши проблемот.

- Доколку има слух, надлежните институции да го решат проблемот,  да им ги исплатат заостанатите плати на вработените. Тие се во многу тешка ситуација, рече Игески.ем/

Фото: МИА

 

Остани поврзан