• вторник, 24 декември 2024

Штрајкуваат возачите на автобуси во Лондон

Штрајкуваат возачите на автобуси во Лондон
Лондон, 25 ноември 2022 (МИА) - Во Лондон, Велика Британија, почна штрајк на возачите на автобуси откако не успеаја да постигнат договор за платите со властите. Познатите црвени двокатни автобуси во Лондон се паркирани на постојки означени како затворени. Најавено е дека штрајкот ќе трае вкупно десет дена, а по 22 ноември и денешниот протест возачите нема да возат ниту утре. За декември најавен е штрајк за 1-ви, 2-ри, 3-ти, 9-ти, 10-ти, 16-ти и 17-ти. ссм/

Остани поврзан