• среда, 25 декември 2024

Штрајковите во Велика Британија ќе се интензивираат, наставниците се подготвуваат да прекинат со работа

Штрајковите во Велика Британија ќе се интензивираат, наставниците се подготвуваат да прекинат со работа

Лондон, 15 јануари 2023 (МИА) – Штрајковите во Велика Британија ќе се интензивираат, бидејќи наставниците се подготвуваат да прекинат со работа, пишува „Сандеј тајмс“, а медицинските сестри предупредуваат дека би можеле во феруари да штрајкуваат во двојно поголем број.

Владата на британскиот премиер Риши Сунак, која ги одредува платите во здравствениот и образовниот сектор, веќе се занимава со штрајкови во железницата и другите сектори, бидејќи зголемувањето на платите заостанува зад брзиот пораст на цените.

Резултатот од гласањето меѓу наставниците кои припаѓаат на Националниот синдикат за образование ќе биде познат утре, но „Сандеј тајмс“ објави дека синдикалните извори рекле дека нивните членови во Англија и Велс се за тоа штрајковите да почнат во февруари.

Минатата недела гласањето на членовите на синдикатот на наставниците не го достигна потребниот праг на излезност.

Доколку штрајкот на наставниците биде потврден утре, Британија ќе се соочи со штрајк во уште еден сектор, покрај штрајковите на железничарите и работниците во Итната помош кои двапати досега одбија да одговорат на сите, освен на најсериозните повици.

Кралскиот колеџ на медицински сестри, чии поедини членови штрајкуваа минатиот месец, ќе го сторат тоа повторно во среда и четврток, со предупредување дека медицинските сестри во Англија ќе штрајкуваат во двојно поголем број во февруари, доколку не се изнајде решение. рп/

Остани поврзан