• недела, 24 ноември 2024

Штрахе со нова партија оди на избори во Виена

Штрахе со нова партија оди на избори во Виена
Виена, 15 мај 2020 (МИА) - Точно една година по објавувањето на корупцискиот скандал „Ибица“, поради кој поранешниот шеф на Партијата на слободата на Австрија (ФПО) и поранешниот австриски вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе мораше да поднесе оставка, тој најави дека го презема раководството на новата партија „Тим Штрахе Сојуз за Австрија“ со која ќе излезе на на изборите во Виена на крајот на октомври. Штрахе закажа прес-конференција на денешен ден, кога пред 65 години беше потпишан Државниот договор со кој Австрија се посвети на трајна неутралност и со тоа се „ослободи“ од сојузничките сили. Австриските медиуми забележуваат дека Штрахе го почнал својот говор обидувајќи се да се дистанцира од нацизмот, во неколку наврати упадливо изјавувајќи пред 75 години е уништен Третиот рајх и неговата злосторничка машинерија во која се убивани Евреи. Во минатото, Штрахе и ФПО се поврзуваа со екстремни десничарски кругови и неонацисти. јт/

Остани поврзан