• сабота, 23 ноември 2024

Што сѐ е потребно при евентуален нуклеарен напад во иднина?

Што сѐ е потребно при евентуален нуклеарен напад во иднина?
Вашингтон, 9 март 2022 (МИА) - Со разгорувањето на руско-украинската криза, според многумина, може да порасне и можноста и опасноста од евентуална нуклеарна војна. Како превенција, Федералната агенција за управување со вонредни состојби на САД (ФЕМА) посочи список залихи и предмети коишто луѓето треба да ги имаат при рака во случај на вонредна состојба, освен засолниште... Списокот се состои од: - Три литри вода по лице ќе бидат доволни за три дена - Тридневна набавка на нерасиплива храна. - Напојување со батерии - следењето и добивањето информации по нуклеарен инцидент ќе бидат клучни за опстанокот; следењето на временската прогноза е од исклучителна важност. - Светилка. - Прва помош. - Свирче. - Маска за прав - ова особено ќе помогне во дишењето контаминиран воздух. - Влажни крпи, ќеси за ѓубре и други основни средства за хигиена; пластична фолија и селотејп може да помогнат во спречувањето несаканите честички да влезат во засолништето. - Клуч / алат за исклучување на струјата и водата. - Отворачи за конзерви со храна. - Мапи од околината.  си/

Остани поврзан