• понеделник, 07 октомври 2024

Штип ќе распише нов тендер за третирање на кучињата скитници

Штип ќе распише нов тендер за третирање на кучињата скитници

Штип, 7 јуни 2022 (МИА) - Пропадна тендерот за третирање на бездомните кучиња во Штип. Раководителот на секторот за јавни набавки во Општина Штип Кирил Јорданов вели дека на тендерот се јавила само една фирма која не ги доставила во целост документите и во моментов  тече рокот за жалба. Почетокот на наредната недела треба да биде објавен нов јавен повик

-Постапката за третирање за кучиња скитници во Штип е во тек, но имавме прв неуспешен обид. Беше објавен оглас на кој беше пријавена само една фирма. Истата фирма не достави документ за докажување на техничка и професионална способност која беше побарана од самиот оглас. Беше дополнително побарано да се достави документот, не го остави во дадениот рок и постапката остана поништена поради не пријавена ниту една фирма, вели Јорданов.

Појаснува дека  станува збор за документ со кој фирмата ќе покаже соработка со невладина организација, односно здружение за заштита на животните.

-Целосна обврска на економскиот оператор кој ќе се јави согласно другите материјални Закони кои го обврзуваат да постапи хумано во процесот на третирање на кучињата. Но, се предвидува фирмите да имаат соработка со невладиниот сектор кој се занимава со благосостојбата на животните. Ние побаравме да имаат потврда за квалитетна и успешна соработка со невладиниот сектор, но таква потврда немаше, додаде Јорданов.

Штип нема стационар, а подолго време нема ниту фирма која се занимава со заловување на кучињата оставени на улица. Граѓански активисти, но и хумани граѓани неколку години самоиницијативно се грижат и помагаат за третман на бездомните животни. вдј/мд/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан