• сабота, 28 декември 2024

Штип ќе издвои средства за поголема искористеност на вендинг машините

Штип ќе издвои средства за поголема искористеност на вендинг машините

Штип, 21 мај 2024 (МИА) - Општина Штип ќе  издвои 90.000 денари од Буџетот за зелени поени кои граѓаните ги користат од вендинг машината. Никола Илиев вработен во Општина Штип изјави дека целта е граѓаните да ги користат вендинг машиите, кои веќе се поставени кај поголемите маркети во градот, да собираат поени и да ги користат за свои потреби.

-Предлог одлуката се однесува за перципирање на трошоците за доделување на зелени поени на граѓаните за користење на повратната вендинг машина. Со одлуката Општина Штип ќе одвои пари во износ од 90 илјади денари од Буџетот на Општина Штип за 2024 година, вели Илиев.

За користење на вендинг машините граѓаните треба да имаат на мобилните телефони инсталирано Програма, преку која со секое рециклирано шише може да собираат бодови и со истите да пазаруваат во некој од маркетите.

На ваков начин, комуналниот инспектор при Општина Штип, Борче Везенков вели дека ќе се селектира отпадот, а  граѓаните ќе имаат економиски бенефит од селектирањето на отпадот. Во овие машини  се складираат само пластични шишња и алуминиумски лименки, а на нив има упатство како тоа функционира. вдј/вг/

Фото: МИА 

Остани поврзан