• четврток, 26 декември 2024

Штип со европски пари ќе обезбеди противпожарно возило за гаснење на шумски пожари  

Штип со европски пари ќе обезбеди противпожарно возило за гаснење на шумски пожари   

Штип, 22 јули 2021 (МИА) - Општина Штип, учествувајќи во проектот за спречување на шумски пожари во прекуграничниот регион, финансиран преку INTERREG-ИПА, прекуграничната соработка со соседна Бугарија, за неколку месеци ќе добие современо противпожарно возило.

Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов го потпишаа договорот со претставници од Бугарија во кој за двете страни се предвидени речиси 400.000 евра.

- Од овој значителен буџет, Општина Штип, како водечки партнер со Генералната дирекција за противпожарна заштита и заштита на населението од Софија, ќе може да инвестира 204.299 евра за набавка на комплетно опремено ново противпожарно возило за гаснење на шумски пожари. Ќе обезбедиме и лична заштитна опрема за сите пожарникари, вели Николов. 

Во рамките на проектот е предвидено штипските пожарникари да имаат обуки во тренинг центар Монтана во Бугарија, а дополнитело, Штип ќе може да набави и црева за гаснење на пожар.

- Тендерите за набавка се веќе во тек. А, со новото противпожарно возило и опремата значително ќе ја зголемиме оперативната подготвеност на единицата во која 30 пожарникари деноноќно се грижат за нас, нашите домови, плодни полиња и зелени шуми. На нив, наскоро ќе им се придружат и двајца нови пожарникари за чии работни места веќе има објавен конкурс, рече Николов. вдј/ар/

Остани поврзан