• петок, 27 декември 2024

Штип се подготвува за празникот Богојавление - Водици

Штип се подготвува за празникот Богојавление - Водици

Штип, 17 јануари 2022 (МИА) - Во Брегалничкиот регион продолжува традицијата положување на светиот крст во водите на реката Брегалница. Во Штип на Водици во среда по светиот крст ќе скокаат верниците на две локации, старата населба Ново Село и на мостот на реката Брегалница во населбата „Осми Ноември“.

Свештеникот Добрица Јанев потврди дека денеска ја добиле информацијата од Брегалничката епархија.

- Ете сега добивме информација од кабинетот на Брегалничката епархија и согласно традициите на Македонската православна црква ќе има и оваа година положување на светиот крст во реките и езерата во целата наша Брегалничка епархија. Посакуваме нашите верници да дојдат, да се помолиме на Бога, да го проследиме неговото крштение и тој секогаш да ја излева неговата благодет врз нас, вели Јанев.

На три локации светиот крст ќе се фрла и во Општина Карбинци. Како што истакна градоначалникот Виктор Паунов, две локации се веќе познати, а за првпат годинава светиот крст ќе се положува во приватен базен во село Таринци.

- И официјално добивме информација дека ќе се организира настан по повод Водици. Во Општина Карбинци тоа ќе биде на три локации, двете се познати на мостот во Долни Балван, на добро познатата локација во Карбинци, и најново, во селото Таринци за првпат ќе се организира заедно со месната заедница во приватен базен, вели Паунов.

Поради пандемијата со коронавирусот светиот крст лани не се положуваше во водите. вдј/ар/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан