• среда, 25 декември 2024

Штип е прва општина која во целост го почитува Законот за пожарникарство

Штип е прва општина која во целост го почитува Законот за пожарникарство

Штип, 24 јули 2024 (МИА) - Пожарите на планината Серта во штипскиот регион се ставени под контрола, но на терен се уште се пожарникарите на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) -Штип, кои будно ја следат состојбата. Од Општина Штип денеска преку соопштение информираат дека пожарникарите се херои, а Општина Штип е првата во државата која го почитува актуелниот Закон за пожарникарството и усогласениот начин на исплата на додатоци на плата.

-Општина Штип е првата општина во Македонија која го усогласи Правилникот за утврдување на плати за професионалните пожарникари, при што ја има усогласено исплатата на плата согласно одредбите од Законот за пожарникарство за исплата на плата на професионалните пожарникари согласно нивото на кое се тие вработени со останите вработени во општинската администрација согласно степенот на образование, и основната плата им е зголемена за 20% согласно одредбите од Законот за пожарникарство, велат од Општина Штип.

Општината освен плата, како и додатоци за плата кои ги следуваат пожарникарите им исплаќа и бонус плата, регрес за годишен одмор како и јубилејна награда.

-Исто така Општина Штип на професионалните пожарникари покрај основна плата им исплаќа и додаток за минат труд, додаток за работа во смени, додаток за ноќна работа, додаток да неработен ден, додаток за прекувремена работа како и додаток за работа на државен празник како и надоместок за исхрана за ноќна работа. Покрај плата и додатоци на плата и надоместоци, Општина Штип на професионалните пожарникари во законскиот рок им исплќа редовно и бонус плата за над 151 час прекувремена работа во текот на претходната календарска година, како и регрес за годишен одмор и јубилејна награда, велат во писменото соопштение на Општина Штип.

Локалната власт упати огромна благодарност до пожарникарите кои изминатите денови постојано се на терен,за да го спасат растителниот и животинскиот свет на планината Серта. вдј/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан