• петок, 27 декември 2024

Штип дел од проектот „Заедници за интегритет“

Штип дел од проектот „Заедници за интегритет“

Штип, 26 ноември 2024 (МИА) - Зголемување на транспарентноста и намалување на корупцијата е целта на проектот „Заедници за интегритет“ од кој дел е и Општина Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов изјави дека од денеска почнува првата фаза од имплементирање на проектот, запознавање на јавноста и вклучување на сите релевантни институции во насока на градење на еден механизам со кој ќе се воспостави зголемена контрола.

-Преку овој проект ќе се работи на зајакнување на отпорноста на локалната самоуправа од корупција. Дел од овој проект се шест општини, меѓу кои и Штип, со цел да се зајакне најпрво транспарентноста во носењето на одлуките под локално ниво, да се зајакне и воспостави систем механизам на контрола на работењето на локалната самоуправа, да се зајакне одговорноста која институцијата ја има, вели Јорданов.

Тој додаде дека набавките и вработувањата се области каде што има голем ризик од корупција, особено во образованието, здравството и слично. Колку и како ќе се имплементира проектот во наредните две години зависи од сите засегнати институции. Проектот е имплементиран преку НДИ и финансиран преку Швајцарската агенција за развој и соработка. вдј/сст/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан