• четврток, 26 декември 2024

Штипјанец извршил кражба во куќа, при што одзел повеќе предмети кои биле пронајдени и вратени кај сопственикот

Штипјанец извршил кражба во куќа, при што одзел повеќе предмети кои биле пронајдени и вратени кај сопственикот

Скопје, 3 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода лицето со иницијали Х.Д. осомничено дека со употреба на сила извршило кражба во куќа, во сопственост на лице со иницијали Е.С., исто така од Штип, при што одзел повеќе предмети кои биле пронајдени и вратени кај сопственикот.

-На 02.12.2023 во 10.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Х.Д.(27) од Штип. Тој се сомничи дека на 01.12.2023 во периодот од 18.00 до 00.00 часот со употреба на сила влегол во куќата сопственост на Е.С. од Штип и одзеле повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на МВР. ра/аа/

Фото: МИА архива
 

Остани поврзан