• недела, 24 ноември 2024

Штипското Здружение на пензионери во посета на стогодишните браќа Наскови

Штипското Здружение на пензионери во посета на стогодишните браќа Наскови
Штип, 19 јули 2022 (МИА) - Членови на Здружението на пензионери од општините Штип и Карбинци денеска беа во посета на најстарите пензионери, браќата Наскови, кои живеат во штипската приградска населба Стар Карорман. Симеон Насков има 102, а неговиот помал брат Ристо  веќе има над 100 години. Од Здружението на пензионери информираат дека во рамки на своите пензионерски активности, во однос на тоа дали е поместена старосната граница на најстарите пензионери во Општина Штип, дошле до интересн податок, дека во оваа штипска приградска населба живеат најстарите пензионери во општината, но и пошироко. - Тоа се браката Наскови, кои веќе одамна ја надминаа стотата година од својот животен век. Сакавме да дознаеме повеќе за нив, за причината на нивната долговечност која можеби лежи во генот, водењето умерен живот, или пак во напорната физичка работа во текот на целиот живот. Така нашата љубопитност вроди со идеја да ги посетиме во нивниот дом и самите да ја раскажат својата животна приказна. И се случи на 19 јули 2022 година лето убав топол сончев ден, мала екипа од ЗП Штип со пригодни подароци и посети браќата Наскови во нивниот дом, се вели во соопштението на Здружението на пензионери. Забележуваат дека помладиот Ристо го затекнале како работи во својот пластеник, а кога ги видел ја оставил мотиката им посакал пријатно добредојде. -Кога му ја кажавме намерата на нашата посета беше уште попријатно изненаден и заедно со него отидовме кај неговиот постар брат Симеон, кој веќе одмараше во куќата, нагласуваат од здружението. Разговорот почнал спонтано да тече и тие ги раскажале своите животни приказни, но и надополниле дека имале и уште една сестра која исто така ја надминала стотата година од својот живот. - Од ова бевме изненадени бидејќи корените и стеблото на семејството Наскови се своевиден феномен за долговечност на животоот. Ни појаснија дека и во овие години здравјето се уште ги служи и не се сеќаваат кога последен пат биле на лекар, велат од Здружението на пензионери-Штип. Појасниле  дека својот пензионерски живот го започнале по завршување на работниот век во Текстилниот комбинат „Македонка“ и во осумдесетите години од минатиот век станале пензионери. Посакале секој пензионер да си дочека длабока старост, а од Здружението на пензионери-Штип им посакале уште многу години да ги дуваат свеќите на нивните родендени. вдј/ цр

Остани поврзан