• четврток, 26 декември 2024

Штипски Црвен Крст организира хуманитарна акција за семејствата во социјален ризик

Штипски Црвен Крст организира хуманитарна акција за семејствата во социјален ризик

Штип, 27 август 2024 (МИА) - Општинската организација (ОО) Црвен Крст - Штип пред почетокот на новата учебна 2024-2025 година  организира хуманитарна акција за семејствата кои што живеат во социјален ризик. Секретарот на ОО Црвен Крст-Штип, Деспина Димитровска изјави дека акција започнува од денеска, а ќе трае до 30 август, во периодот од 9 до 15 часот.

-Традиционално секоја година Црвен Крст пред првото училишно ѕвонче организира хуманитарни активности со цел да се олесни почетокот на учебната година на учениците, кои што потекнуваат од семејства кои што живеат во социјален ризик. За таа цел Штип организира хуманитарна акција на две донациски пунктови на 27, 29 и 30 август, вели Димитровска.

Таа ги повика сите граѓани кои имаат можност да помогнат, да се вклучат во акцијата, без разлика дали тоа со парични средства или пак со донирање на нов  училишен прибор, се со цел, како што рече, сите да бидат еднакви. 

-Во училишниот прибор спаѓаат основните работи кои што се потребни за непречено одвивање на школските активности, тетратки, боици, пенкала. моливи, блокчиња и слично, додава Димитровска.

Инаку, денеска во општинската зграда во Штип беше организирана и крводарителска акција. вдј/сст/

Фото: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан