• петок, 27 декември 2024

Штипски планинари од „Лисец“ го освоија највисокиот врв во Турција

Штипски планинари од „Лисец“ го освоија највисокиот врв во Турција

Штип, 21 јули 2023 (МИА) - Експедицијата на ДПС Лисец - Штип „АРАРАТ 2023“ составена од четири планинари го освоија највисокиот врв во Република Турција од 5.137 надморска височина.

Трајче Алексов, Билјана Спаскова, Милорад Ангелов и Тоше Ристов се членовите на ДПС Лисец кои учествуваа во експедицијата. Планинарот, Милорад Ангелов во писменото соопштение до медиумите вели дека на 19 јули  во 06.25 часот по локално време го освоиле  највискоит врв во Турција „Арарт“ (Agri Dagi) 5.137 мнв и со тоа станаа првата штипска-планинарска експедиција кој го искачи овој врв.
-Воедно ова се меѓу првите членови на ДПС Лисец во неговото седумдеесет годишно постоење на кој им успеа ова.Искачувањето траеше пет дена во тешки  временски услови од темпертурна разлика од + 36 до до -25 степени на самиот врв и ветер од 40 км на час. Искачувањето се одвиваше во неколку етапи и базни логори, вели Ангелов.

Посочува дека о ва е голем успех на ДПС- Лисец, градот Штип и Македонското планинарство.  Во моментот експедицијата се наоѓа во градот Догубајзит,  Р.Турција на безбедно. вдј/ 

Остани поврзан