• вторник, 12 ноември 2024

Штипски „Исар“ со препораки да се заштитат чешмите и цевките од ниските температури

Штипски „Исар“ со препораки да се заштитат чешмите и цевките од ниските температури

Штип, 22 јануари 2024 (МИА) - Штипското комунално претпријатие „Исар“ нема добиено ниту една пријава за замрзнати чешми или цевки. Бранко Ѓоргијев вработен во ЈП „Исар“-Штип вели дека ниските температури не ги оставија граѓаните без вода, но сепак ги советуваат навремено да се заштитат приклучоците и цевките. Посочува дека е потребна соодветна изолација, со цел да не дојде до мрзнење на чешмите или пукање на цевки, бидејќи во спротивно граѓаните сами треба да си го сносат трошоците за нивна промена.

-ЈП „Исар“ преку работна единица Водовод и канализација секоогаш во врска со временските услови, како во летниот, така и во зимскиот период ги информира навремено граѓаните за преземање на соодветни мерки. Особено кога се ниски температурите, клучно е граѓаните да ги заштитат нивните водоводни приклучоци од замрзнување. Тоа ќе го направат со соодветна изолација на самите цевки како и заштита на водомерните шахти. Ова е оти ако настане дефект целиот трошок е на самите граѓани, бидејќи јавното претпријатие нема надлежност на внатрешни инсталации, вели Ѓоргијев.

Тој советува да се сопрат вентилите, доколку граѓаните не се во можност да ги изолираат. Дополнително граѓаните може да се обратат за прашања до Инфо центарот во ЈП „Исар“ од каде може да добијат препораки и совети како да ги заштитат своите чешми и цевки.

-Има различни типови на изолација, а онаму каде не може да се постави соодветна изолација препорачуваме да ги сопрат вентилите од оној дел од куќата или домаќинството каде не може да се постави изолација. Инфо центарот на ЈП „Исар“ работи 24 часа секој ден, изјави Ѓоргијев. вдј/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан