Штипски „Исар“ исчисти две диви депонии
- Диви депонии сѐ создаваат од несовесните граѓани, а екипите на штипското комунално претпријатие „Исар“ денеска исчистија две, една кај модуларната болница, а втората кај Мирјанина црква. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски апелира граѓаните да бидат поодговорни и да не фрлаат ѓубре, отпадоци, предмети од домаќинставата на места кои не се за таа намена.
Штип, 13 декември 2024 (МИА) - Диви депонии сѐ создаваат од несовесните граѓани, а екипите на штипското комунално претпријатие „Исар“ денеска исчистија две, една кај модуларната болница, а втората кај Мирјанина црква. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски апелира граѓаните да бидат поодговорни и да не фрлаат ѓубре, отпадоци, предмети од домаќинставата на места кои не се за таа намена.
-Доколку со Закон се пропишат некои нови износи на глоби секако тоа општината и комуналниот инспектор ќе треба да го спроведат на терен. Ние, како јавно претпријатие конкретно денес работиме на чистење и веќе ги исчистивме две депонии кои се создадени нелегално на територија на Општина Штип, едната е кај модуларната болница, а другата е во близина на местото каде сега се наоѓаме. Согласно нашите капацитети ние можеме да излеземе на терен и благовремено да ги исчистиме. Но, мора да апелираме граѓаните да не создаваат депонии, изјави Арсовски.
Тој посочи дека дивите депонии најчесто се создаваат на места кои се скриени. Но, како што вели Арсовски тоа не е причина да се фрла ѓубре. ЗЕЛС веќе има изработено и Предлог-закон за комунална полиција.Се иницира и промена на минималните глоби, кои во моментот се од 50 до 200 евра, таа да биде од четири до шест илјади евра и да постои можност службите од општината да го запленат и возилото, па подоцна да биде предадено на МВР. вдј/дма/
Фото: МИА