• четврток, 26 декември 2024

Штипски „Исар“ го расчистува станот кој целосно изгоре пред речиси една недела

Штипски „Исар“ го расчистува станот кој целосно изгоре пред речиси една недела

Штип, 29 октомври 2022 (МИА) - По речиси една недела од пожарот во стан на улицата „Широк дол“ број 5 во Штип и денеска сè уште се работеше на расчистување на изгорената покуќнина, картони и пластика, кои ги собирала станарката.

Вработените од штипски „Исар“ велат дека само денеска се исфрлени пет приколки со ѓубре, а според она што го затекнавме на самото место имаат уште многу да сработат. Станарите се задоволни од општината и градоначалникот, направен е увид за санирање на штетата и очекуваат обесштетување. - Од страна на градоначалникот беше сè во ред, сега моментално го исфрлаат ѓубрето од станот. Дојдоа на самото место, видоа што е оштетено и ветија дека се ќе се поправи. Дојдоа мајстори, земаа мерка за промена на прозорците. Многу сме и благодарни на локалната самоуправа, вели Снежана Шалева. Станарката, чиј стан целосно изгоре во неделата, е сместена во Клиничката болница Штип, потврди за МИА портпаролката Марина Шуманска. Но, каде ќе биде згрижена по завршување на хоспитализацијата сè уште е неизвесно, бидејќи до сега до Центарот за социјални работи Штип, нема поднесено барање од нејзина страна или од страна на нејзини блиски за сместување, вели директорот. Таа од 2014 година зема пензија, со што се ограничува делувањето на Центарот за социјални работи. вдj/ки/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан