Штипските средни училишта и бизнис секторот на заедничка маса за каков кадар му е потребен на стопанството
- Општина Штип денеска одржа средба со директорите на средните училишта, наставниот кадар, бизнис секторот и претставници на државните институции. На средбата се разговараше за потребите на бизнис секторот за каков квалификуван млад кадар е потребен на стопанството, како и за начинот на кој едно училиште треба да одговори на ваквите потреби.
Штип, 9 февруари 2026 (МИА) - Општина Штип денеска одржа средба со директорите на средните училишта, наставниот кадар, бизнис секторот и претставници на државните институции. На средбата се разговараше за потребите на бизнис секторот за каков квалификуван млад кадар е потребен на стопанството, како и за начинот на кој едно училиште треба да одговори на ваквите потреби. Снежана Санева, раководител на Секторот за јавни дејности, локален економски развој и образование во Општина Штип рече дека целта е да се воспостви поголема соработка преку која средношколците би можеле да следат пракса додека се на училиште и потоа да се вработат.
-На овие средби покануваме претставници од повеќе институции кои ги кажуваат своите наоди за тоа каква е побарувачката на пазарот, односно какви се потребите и на кој начин треба училиштето да одговори на тие потреби - речеСанева.

Директорката на Средното општинско училиште (СОУ) „Јане Сандански“-Штип, Марија Николиќ истакна дека во 2020 година средното медицинско училиште беше прво во Штип кое воведе паралелка со зголемен број на фонд на часови за практично образование и оваа генерација оваа година завршува по концептот на дуално образование. Денеска ова училиште има 16 паралелки кои се вклучени во дуалното образование.
Како здравствена струка наш најголем работодавач се Клиничка болница- Штип и Здравствениот дом, но ние воведоовме и струка тенхичар за козметичка нега и убавина, нешто што произлезе од реалните потреби од пазарот кај нас. И оваа година продолжуваме со истиот профил, го зголемивме бројот на работодавачи и очекуваме поголема соработка, вели Николиќ.
Се подобра е ситуацијата и во регионалниот државен училишен центар „Коле Нехтенин“ во Штип. Директорката на Државното средно училиште (ДСУ) „Коле Нехтенин“, Јованка Шалева рече дека расте соработката со фирми од ТИР зоната, со помош на кои средношколците се стекнуваат со потребна пракса за веднаш по завршување на образованието да можат да се вработат.
-Во однос на соработката со ТИР зоната можам да кажам дека се подобро и подобро се остварува таа соработка. Веќе голем дел од нашите ученици извршија практична обука во летниот период сега го реализираат предметот учење преку работа кај работодавач, а една од команиите влезе и во управниот одбор на сега веќе регионалниот центар, изјави Шалева.

Посочи дека отворањето на нови смерови во училиштата зависи од самата соработка со бизнис секторот и оти за тоа најпотребно е фирмите да ги отворат своите врати за средношколците.
-Побарувачката во однос на бизнис секторот е техничар за моделирање на облека, техничар за дизајн на облека, конфекционер и техничар за изработка на облека, изјави директорката на средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“, Марина Варадиновска. вдј/лв/
Фото: МИА