• четврток, 26 декември 2024

Штипските пешачки премини разубавени со цртежи

Штипските пешачки премини разубавени со цртежи
Штип, 13 ноември 2020 (МИА) - Пешачките премини во централното градско подрачје во Штип се разубавуваат со цртежи од страна на двајца ликовни уметници. Вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов вели дека се работи за иницијатива на локалната власт. - Станува збор за разубавување на централното градско подрачје, односно бојадисување на пешачките премини на улицата „Ванчо Прќе“ и кај градскиот плоштад „Слобода“. Цртежите се на двајца студенти на Ликовната академија во Штип. Станува збор за студентите од трета година Ристе Мицевски и Лидија Трендафилова, вели Миланов. Директорот на Дом на млади-Штип, Горан Трајков кој учествуваше во организацијата на оваа убава иницијатива, а воедно позитивно прифатена од страна на штипјани вели дека идејата е да се развесели и разубави просторот, намести сивите пешачки премини, на кои со години стојат искинати политички плакати или испишани недолични пораки. -Се работи на три, а треба да се разубават четиори вакви пешачки премини во централното градско подрачје. Има иницијатива и на пролет да се продолжи и во останатите штипски населби. Идејата е да им се приближи ликовната умотност на граѓаните, а со тоа воедно се борат против недоличните пораки кои се пишувани по ѕидовите и отсранување на плакатите кои можеби веќе пет години се залепени по ѕидовите, вели Трајковски. Пред да се почне со цртањето на ѕидовите општината побарала и согласност од страна на сопствениците на дуќаните и станбените згради во централното градско подрачје. Ѕидовите на пешачките премини сега ги красат цртежи, а иницијаторите и ликовните уметници се надеваат дека нема никој да ги уништи или да испише врз нив некоја недолична порака. вдј/аа/

Остани поврзан