Штипските извидници ќе го одбележат Денот на извидниците со низа активности
- Во Штип ќе одржи централна прослава по повод Денот на извидниците, најави денеска Бојан Андонов, началник на Извидничкиот одред (ИО) „Еквинокс“. По тој повод в сабота во Домот на млади ќе се организира крводарителска акција, изложба, како и продажба на рачно изработени предмети. Средствата кои ќе се соберат од продажбата на предметите ќе бидат употребени за реконструкција на просторијата на штипските извидници.
Штип, 22 февруари 2024 (МИА) - Во Штип ќе одржи централна прослава по повод Денот на извидниците, најави денеска Бојан Андонов, началник на Извидничкиот одред (ИО) „Еквинокс“. По тој повод в сабота во Домот на млади ќе се организира крводарителска акција, изложба, како и продажба на рачно изработени предмети. Средствата кои ќе се соберат од продажбата на предметите ќе бидат употребени за реконструкција на просторијата на штипските извидници.
-Организираме крводарителска акција, која ќе биде во просториите на Дом на млади и изложба „Извиднидите некогаш и денес“. Исто така ќе имаме продажба на производи изработени од нашите деца. Со тоа ќе се помогне и да се реконструира канцеларијата. Има најава дека ќе присуствуваат околу 400 гости од цела Македонија, претежно тоа се деца и млади, вели Андонов.
Денот на извидничкото движење се одбележува на 22 февруари, а мотото на извидниците е „Создаваме подобар свет“.
Андонов истакна дека заинтересираност кај младите од Штип има да се приклучат и да бидат дел од извидничкото движење, да сознаваат нови работи и да научат да ја сакаат природата, животните и луѓето.
Во извидничкиот одред во Штип се вклучени членови од 7 до 90-годишна возраст. вдј/мд/
Фото: МИА