• сабота, 28 декември 2024

Штипските велосипедисти ги поканија најмалите на Предновогодишната велосипедска дружба

Штипските велосипедисти ги поканија најмалите на Предновогодишната велосипедска дружба

Штип, 27 декември 2024 (МИА) - Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, Дарио Атанасов и Драган Атанасов во недела ќе ја организираат по петти пат Предновогодишната велосипедска дружба, која има хуманитарен и забавен карактер. Дарио и Драган на денешната прес-конференција истакнаа дека во недела во 12 часот ќе поделат подароци на најмалите на шеталиштето „Ванчо Прќе“. Посочија дека подароците ги имаат обезбедено од 16 општествено одговорни компании.

- Главната организација е посета на Домот на деца без родители и на дневниот Центар за деца со посебни потреби, каде што имаме испланирано дружба со нив и делење на пакетчиња, се со цел да ги израдуваме, вели Драган.

Двајцата браќа, Дарио и Драган со велосипедизмот се шест години, а почнале со хуманитарниот карактер на Предновогодишната велосипедска дружба во време на пандемијата, со цел да ги развеселат децата пред Новогодишните и Божиќни празници подарувајќи им чоколади и пакетчиња. Дарио Атанасов истакна дека целта не им е само хуманитарниот аспект, туку сакаат да го промовираат и велосипедизмот.

-Сакаме да пратиме една порака до сите во државата дека велоиспедистите се дел од сообраќајот, како и велосипедот не е тој кој ја загадува животната средина и придонесува за здравјето на човекот, вели Дарио.

Во моментов се околу 90 велосипедисти, од кои 30 се активни, кои какошто велат браќата Атанасови возат од хуманитарен аспект за Предновогодишната велосипедска дружба. вдј/сст/

Фото: МИА

 

Остани поврзан