Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ доби плакета од Црвен Крст
- Во рамките на одбележување на 80 години од постоењето на Црвен Крст денеска во Штип на свечен начин беше врачена плакет на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Генералниот секретар на Црвен Крст, Саит Саити вели дека идејата на посетите е да се разменат дискусии и мислења и да се најдат нови форми за соработка.

Штип, 10 март 2025 (МИА) – Во рамките на одбележување на 80 години од постоењето на Црвен Крст денеска во Штип на свечен начин беше врачена плакет на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Генералниот секретар на Црвен Крст, Саит Саити вели дека идејата на посетите е да се разменат дискусии и мислења и да се најдат нови форми за соработка.
-Црвениот крст оваа година одбележува 80 години од своето постоење. Деновиве сте сведоци веројатно на низи активности, кои ги превземаме по повод јубилејот. Една од содржините е токму посетата на државните универзитети за почеток, каде што како што ви беше кажано . Идејата е да размениме дискусии и мислења, односно да се обидеме да најдеме нови форми содржини за соработка, помегу црвениот крст и универзитетите. Добра е и соработката со штипскиот Универзитет. Посетите што ги остваруваме се во функција на доделување на јубилејни плакети на универзитетите за досегашната соработка помош и соработка, вели Саити.
Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, Дејан Мираковски рече дека соработката со Црвен Крст е значајна за студентите, бидејќи преку оваа организација се гради личности на еден млад човек.
-Промовираме платформа на поголема соработка помеѓу Универзитетите и Црвениот Крст, како една од најважните хуманитарни организации, која секогаш е спремна да помогне независно дали се работи за природни катастрофи, здравствени кризи, војни и како организација со глобален досег, соработката со нив навистина претставува важна алка во градењето на млади личности, кои ќе бидат свесни за проблемите, кои што преку соработката со вакви организации како Црвениот Крст, ќе можат да развијат и емпатија, чувство на одговорност, тимска работа, вели Мираковски.
Генералниот секретар на Црвен Крст, Саит најави дека наскоро ќе се донесе и нов Закон за волонтерство, а актуелниот е стар околу 15 години, кој не остава просотор за развој на влонтерската работа. Посочи дека како организација направиле неколку иницијативи со што наскоро очекуваат во рамки на Собранието да се одржи јавна расправа, за да се дискутира за новиот Закон за волонтерство.
-Законот за волонтирање во државата за жал е стар, ако се земат во предвид динамиката и развојот на настаните во едно современо општество кој е стар некаде околу 15 години и навистина не е овозможувачка, односно не остава голем простор за развој на волонтерската работа, вели Саити.
Црвен Крст на Македонија во 18 часот во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип ќе врачи плакети и на општините Штип и Карбинци. вдј/сст/
Фото: МИА