• недела, 28 јули 2024

Штипскиот ЗОО парк има нови жители

Штипскиот ЗОО парк има нови жители
Штип, 21 април 2022 (МИА) - ЗОО паркот во Штип доби нови жители. Станува збор за два лемури и две коати кои станаа  постојани жители на оваа зоолошка градина. Директорот на ЈП „Исар“, Трајче Здравков истакна дека условите во ЗОО паркот дозволуваат одгледување на ваков вид животни кои за првпат се забележуваат во Штип. -ЗОО паркот „Бриони“ во Штип кој е под надлежност на ЈП „Исар“ е побогат за четири нови жители, односно се работи за две лемурчиња и две коати кои пристигнаа во ЗОО паркот и се надеваме дека ќе бидат атрактивни за нашите посетители, вели Здравков. Животните се хранат со сезонско овошје и зеленчук. Храната се обезбедува преку донации како и остатоци од градскиот пазар во Штип, кажа Здравков. -Мајмунчињата се донација од Зоолошката градина Скопје, се хранат со сезонско овошје и зеленчук, живеат на температури идентични на нашите, рече Здравков. Живеалиште за мајмуни во ЗОО паркот во Штип имаше изградено од претходно. Здравков истакна дека се работело на доуредување на просторот и сега условите се задоволителни за живот на мајмуните. Дополнително на ова зоолошката градина во Штип започна и со хортикултурно уредување. вдј/вј/

Остани поврзан