• четврток, 19 декември 2024

Штипскиот Дом на млади бара пет нови вработувања

Штипскиот Дом на млади бара пет нови вработувања

Штип, 23 август 2023 (МИА) - Потребни се пет нови вработувања во Домот на млади во Штип. На последната седница на Советот на Општина Штип промена на планот за вработување побара директорот на институцијата, Видан Лазарев.

-Дом на млади, како и секоја година планира нови вработувања, и тоа: советник за административни и општи работи, стручен соработник за литература, соработник за драмска уметност, сценски работник и друг општ работник, истана директорот Видан Лазарев.

Според Лазарев, новите вработувања се за пополнување на веќе испразнети места, односно да се заменат оние работници кои заминуваат или веќе заминале во пензија.

-Тоа е поради тоа што некои од вработените одат во пензија, некои отидоа во пензија и сега ни се потребни нови вработувања со што институцијата би функционирала нормално, додава Лазарев. вдј/мд/

Остани поврзан